Кои сме ние?

Леонардо да Винчи беше научник, сликар, инжинер, скулптор и астроном. Неговото неверојатно знаење и разнолик спектар на активности беше идеал кој ги водеше најголемите светски умови од времето на Ренесансата. Сега, шест века подоцна веќе никој не може да го прати напредокот во неколку полиња, а камоли во нив и да учествува. Најуспешните претпријатија во 21 век го достигнаа врвот со фокусирање на поединечни пазари или само делови, сегменти од пазарот, вклучувајќи притоа сојузи, партнерства со исто така успешни претпријатија од други подрачја. Токму доверувањето на работите за кои не се специјализирани на своите доверливи партнери им овозможи постигнување на максимален успех во работите за кои се специјализирани.

Ние во Hostiraj.com не знаеме да пронајдеме нафта, да произведуваме масло, да компонираме симфонии, обработуваме земја или управуваме со авион, ама даваме се од себе да останеме во тек со развојот во подрачјето кое е потпора на секој бизнис како што се хостирање и веб дизајн.

Во Hostiraj.com градиме долгорочни работни односи со нашите клиенти и цврсто веруваме дека целосна доверба, меѓусебно разбирање и помагање се единствен вистински темел за добри работни односи.

Нашата посветеност во решавање проблеми без обзир на нивната сложеност и вољата за постојано учење и надградување не прават идеален избор за подршка и унапредување на работата на нашите партнери.

Станете и Вие наш партнер. Сигурни сме дека можеме да Ви помогнеме.

Хостинг Пакети

Мал Бизнис Хостинг Пакет

Бизнис Хостинг План

Корпорација Хостинг Пакет

Ентерпрајз Хостинг Пакет

 

Control Panel Fantastico

MySQL PHP

Зошто да го изберете Хостирај?

Затоа што добивате 10 пати повеќе простор, 10 пати повеќе сообраќај, 10 пати подобра услуга за 10 пати пониска цена.

Пријави се на 10000 пребарувачи

Членови

Име:
Лозинка:

 

99.9 Uptime
...
24/7

Hostiraj.com · Најдобриот хостинг избор